Градоначалникот на Зрновци Борчо Коцев на средба со директорот на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот

На средба во просториите на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот, градоначалникот на Општина Зрновци, Борчо Коцев оствари работен состанок со директорот на Агенцијата, Д-р Љупчо Јаневски, на теми поврзани со развојот на туризмот преку потенцијалните кои ги нуди  општината Зрновци.

Преку сеопфатна дискусија заеднички се разгледаа можностите за развој на туризот преку поддршка обезбедена од Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот.

– Географската положба на регионот е одлична за развој на велосипедски туризам и агро туризам потенцирано со културни и традиционални тури. Меѓуинституционално ќе се работи на промоција и поддршка за развој на алтернативните форми на туризм во општината во кои ќе бидат вклучени локалците како движечка сила за раст на економијата. Прекрасната местоположба на трите села сместени под планината Плачковица и прекрасната Зрновска долина, по реката Зрновка овозможува пријатни мигови на секој посетител, љубител на селската идила. Лесната достапност на општината како и прекрасните бројни планински патеки нема да го остават никој рамнодушен – соопштија од Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот.

Градоначалникот Коцев ја истакна подготвеноста на општината преку активности за развој на туризмот да се зајакне социо-економската состојба на жителите во општината.

– Туризмот за општина Зрновци претставува стопански сегмент за развој на економијата, како и еден од двигателите и основен столб на социо-економски напредок. На средбата потенцирав дека ние како Локална самоуправа ќе превземеме максимални активности за донесување на Стратешкиот план на АППТ за 2023 година со наши предлози, предлог проекти и истражувања.Со предвидените активности ќе започнеме со искористување и развивање на потенцијалот и ресурсите за туризам со кои располага општина Зрновци, за доброто на сите граѓани на општина Зрновци – истакна градоначалникот Коцев.

И. Матеничарски

Сподели: