Градоначалникот Папазов и министерот Велковски ја посетија новата детска градинка во Кочани

При посетата на неколку општини во Источниот Регион, техничкиот министер за труд и социјална политика Ѓоко Велковски во придружба на градоначалникот на Општина Кочани Љупчо Папазов ја посети и новата детска градинка во населбата Драчевик во Кочани, каде што се одвиваат градежни работи за поправка на настанатите дефекти.

Техничкиот министер истакна дека е општ впечатокот за неопходноста од нови просторни услови за зголемување на постојните капацитети за згрижување на најмладата популација, од што произлегува и потребата за подобрување на кадровската екипираност во градинките.

Новата градинка во Кочани има капацитет за згрижување на 120 деца.

Сподели: