Градоначалникот на Општина Кочани Љупчо Папазов го потпиша договорот за кофинансирање на проектите во рамки на Регионалната програма за локална демократија во Западен Балкан 2 (ReLOaD 2).
По објавениот повик и резултати од евалуацијата на предлог-проектите од граѓански организации добиени на јавниот повик во рамките на ReLOaD 2, во овој втор повик одобрени проекти за финансирање се:
1. ЗГ „Среќни луѓе“ – Кочани: „Градче – да блесне езерскиот бисер“
2. СЗРЕК „Кочански рибар“ – Кочани: Спортскиот риболов еликсир за младите
3. Здружение „Еднакви за сите“ – Кочани: Подобро општество за слепите лица во Кочани
4. Доброволно противпожарно друштво – ДПД – Кочани: Млади волонтери за сигурна средина за живеење
5. Здружение за екологија и заштита на животната средина „ЕКО ТИМ ИСТОК“ – Кочани: Запознајте ги убавините на Општина Кочани.
Регионалната програма за локална демократија во Западен Балкан 2 (ReLOaD 2) е проект финансиран од Европската Унија (ЕУ) и кофинансиран од Општина Кочани, кој се спроведува од Програмата за развој на Обединетите нации – УНДП.
Основна цел на ReLOaD 2 е јакнење на партнерствата меѓу општинските власти и граѓанското општетство преку транспаретно финансирање на проекти на граѓански организации од општинските буџети со цел поголемо граѓанско учество и учество на младите во носењето одлуки и подобрена испорака на услуги за граѓаните на Кочани.