На 18-та редовна седница на Советот за развој на Источниот плански
регион одржана денес на 01.11.2024 година во општина Пехчево, за нов Претседател на Советот едногласно е избран градоначалникот на општина Зрновци, Борчо Коцев.
Источниот плански регион опфаќа 11 општини од Истокот на Македонија со
вкупна територија од 3537 километри квадратни и околу 182 000 жители.
Советот е тело за усогласување и спроведување на политиката за развој
на планскиот регион и е еден од носителите на политиката за Потикнување рамномерен регионален развој.
Меѓу повеќето Надлежности на Советот на Источно плански регион како основни се организирање и координирање на активности за следење и
отценување на планските документи за регионален развој, донесува Програма за развој на планскиот совет по претходна согласност од Советот за рамномерен регионален развој, изготвува годишен Акционен план за спроведување на Програмата, утврдува листа на проекти за
развој на планскиот регион, утврдува листа на проектиза развој, доставува предлози до Министерство за локална самоуправа за
идентификување на подрачја со специфични развојни потреби, се со цел реализација на проекти со рамномерен развој во сите општини , а крајна цел развивање на општините подобрување животни услови во животните средини, исполнување на барањата на граѓаните во Источно планскиот
регион.
Општина Зрновци