Градоначаникот Љупчо Папазов на средба со крводарителите од Кочани

Во пресрет на 17 март, Денот на формирањето на Црвен крст на Република Македонија и Денот на крводарителството во Република Македонија, денеска во просториите на општинската сала градоначалникот Љупчо Папазов организираше прием на крводарители и волонтери од Кочани.

На денешната средба крводарителите зборуваа за хуманоста преку чинот на дарување крв и спасување на нечиј живот, но и за предизвиците и проблемите со кои се соочуваат тие.

Градоначалникот ја изрази огормната благодарност кон крводарителите, искажувајки ја поддршката за нивната благородна и хумана мисија.

Сподели: