Гран при за поезија за Славица Цветкова од Кочани на манифестацијата „Литератопија 2020“

Прва награда за кусо прозно дело за возрасни и гран при за поезија освои поетесата Славица Цветкова  од Кочани на Интернационалната Литературна манифестација „Литератопија 2020“ што во организација на поетесата Милица Паулус се одржува секоја година, а овој пат поради состојбата со коронавирусот се одржа онлајн.

-На манифестацијата што традиционално ја организира писателката Милица Паулус добив две награди. Едната награда е гран при за моето поетско творештво и прва награда за кусо прозно дело за расказот„Сонце во дланките“.Поради ситуацијата со КОВИД-19, манифестациајта се одржа онлајн,а на неа имаше учесници од сите краишта на Македонија и од соседните земји. На неа учествувааа над 400 учесници, истакна поетесата Славица Цветкова.

Цветкова е член на ЛК „Копнеж“ при Библиотеката „Искра“, а редовно ги следи и учествува на многу конкурси и манифестации на кои освојува награди и добива благодарници. Цветкова денеска пратила свои творби за учество и на конкурс во Демир Хисар и Охрид од кои очекува повторно да биде наградена.

Сподели: