„Гратче Траил 2024“ – Кочани викендов центар на планинското трчање во Македонија

Над 140 учесници во неделата беа дел од ридската трка „Гратче Траил 2024“ година што во организација на Клубот за планинарски спортови „Осоговски Орел“ се реализираше во подножијето на Осоговските Планини, околу акумулацијата Гратче.

Натпреварувачите се тркаа на две кружни патеки од 12 и 30 киометри со старт и цел кај Еуро хотел „Гратче“. Патеките поминуваа низ низ разновиден планински пејзаж шума, ливади, селски маала, природни извори околу езерото.

Најбрзите натпреварувачи во двете категории од двете стази:

12 км. жени:

1. Марија Пеликон

2. Мери Шорова

3. Јелена Ставрева

30 км. жени:

1. Ангела Величкова

2. Јасминка Каркински

3. Валентина Павловска

12 км. мажи:

1. Благој Веселинов

2. Ибраим Мамудов

3. Даниел Јанков

30 км. мажи:

1. Златко Николов

2. Александар Милески

3. Иван Георгиев

Од КПС „Осоговски Орел“ истакнаа дека настанот има за цел промоција на можностите за развој на разни  планински спортови околу езерото Гратче. Воедно, упатија благодарност до сите спонзори и помагатели за реализација на настанот.

И. Матеничарски

Фото: КПС „Осоговски Орел“

Сподели: