Графит фест 2024 во Кочани – млади уметници цртаа графити кај Споменикот на слободата

Кочани денес беше домаќин на првиот Графити фест 2024  – Кочани што во организација на „Act Different“ се одржа на паркингот кај Споменикот на слободата во Кочани.

За време на осумчасовниот уметнички настан и уметници-артисти од Кочани, Куманово и Скопје изработија графити на потпорниот ѕид на паркингот кај Споменикот на слободата.

Графити фест 2024 е караван продолжеток на настанот што од Куманово гостува во Кочани и ќе продолжи во други градови низ Македонија.

Целта на фестивалот подразбира на подзаборавени простори со помош на уличната уметност да им се даде нов изглед, нова димензија и уметнички лик, преку дела изработени од млади ентузијасти, професионалци и љубители на уличната графит уметност.

Во склоп на настанот свој настап имаше и локалниот ДЈ Сандех.

Настанот се реализира со поддршка на Локалната самоуправа на Кочани и локални компании.

И. Матеничарски

Фото: A. Арсов

Сподели: