Граѓаните испратија последно предупредување до „Пејпер Мил“

На граѓански протест пред фабриката за хартија „Пејпер Мил“, жителите на Кочани денеска испратија последна предупредувачка порака, до како што велат, најголемиот загадувач во градот.

На денешниот протест, по којзнае кој пат граѓаните побараа од надлежните затворање на фабриката „Пејпер Мил“ се додека не почне да користи поеколошко гориво и да работи согласно прописите.  Како што истакнаа, по направените две мерења утвредено е дека најголемиот загадувач е токму фабриката „Пејпер Мил“  која и покрај сугерирањето на надлежните да работи на метан не ги почитува насоките.

На протестот, околу два часа со возила во знак на револт беше блокиран булеварот „Тодосија Паунов“, а подоцна граѓаните го блокираа и главниот влез на фабриката. На моменти тензично со обид да влезат во фабриката, но по предуредување од полицијата присутните се повлекоа.

Револтираните жители на Кочани предупредија дека ова е последен мирен протест и доколку продолжи игнорантскиот однос на институциите и менаџерскиот тим на „Пејпер Мил“, протестите ќе се радикализираат со блокирање на работата на фабриката. Додадоа дека казната од 20 000 ијлади евра изречена неодамна од страна на Државниот инспекторат за животна средина за нив не значи ништо, бидејки фабриката продолжува да работи со исто темпо и да ја загадува околината.

Од пред фарбиката „Пејпер Мил“ присутните својот револт го  искажаа и пред зградата на Општина Кочани каде воедно и го завршија протестот.

Денешниот протест беше четврт граѓански протест пред фабриката „Пејпер Мил“. Жителите на Кочани се надеваат дека по денешниот протест нивните барања ќе бидат слушнати од надлежните институции и проблемот со „Пејпер Мил“ конечно решен.

И. Матеничарски

Фото: А. Арсов

Видео во живо од протестот можете да погледнете со клик ОВДЕ.

Social media & sharing icons powered by UltimatelySocial