Граѓани алармираат на нелегална сеча на млада борова шума

До интернет-порталот „Гласно“ пристигна информација и реакција од граѓанин за нелегална сеча на млада борова шума на потегот од дивите градби во Трајаново Трло до месноста Пресечена скала.

– Периодов исечени се дваесетина млади стебла бор, на потегот од дивите градби во Трајаново Трло до Пресечена скала. Очигледно станува збор за уништување на млади дрвца од страна на несовесни граѓани. Бараме од институциите да ја разгледаат оваа информација бидејки честопати боровата шума се обновува со акции за пошумување, а некои луѓе ја уништуваат. Борчињата се исечени и стојат на ридот, очигледно додека не се пренесат до местото и лицето за кои се наменети, стои во реакцијата испратена до интернет-порталот „Гласно“.

Сподели: