Граѓани преку онлајн петиција бараат зачувување на афтентичниот изглед на библиотеката „Искра“

По најавата за реконструкција на фасадата на ЈОУ Библиотека „Искра“ – Кочани, на платформата change.org  на интернет се појави онлајн петиција преку која граѓани бараат зачувување на афтентичниот изглед на фасадата на зградата.

Во петицијата стои:

„Библиотеката ”Искра”, која е историска градба и постои уште од 1940 и била основана од двајца познати кочански револуционери, Општината во својот план има да и го промени нејзниот автентичен изглед и да изгради алуминумска фасада без никакво прашање од страна на жителите на градот и без мисла за зачувување на оваа посебно значајна и уникатна градба. До библиотеката Искра веднаш до нејзе е Мултикултурниот центар кое за жал е веќе реконструирано да личи повеќе на облакодер наместо на место кое што треба да е културно значајно и естетично примамливо за туристи и други граѓани.
Доколку имате шанса да ја посетите библиотеката, ќе приметите дека на нејзе и е потребна повеќе внатрешна промена одошто надворешна.

За Крушарското Маало, кое е најстарото и прво маало во Кочани е во состојба на распаѓање и е целосно напуштено од грижа на Општината. Многу граѓани изразија желба за ова место да се уништи (затоа што претставува нестабилно и опасно место на кое што често покривите од старите куќи се распаѓаат лесно, иако сето ова беше занемарено од Општината и оставено да се распадне), но, и да се изгради со истите тие македонски автентични градби со поцврсти темели. Вистинскиот план од Општината е да се урнат сите овие куќи и да се замени со парк за автомобили.

Помислете на колку години и колку културна вредност има да се загуби, за една безнадежна и безгрижна идеја за модернизам и архитектура која повеќе прилега за метропола одошто за мал град.

Ве молиме потпишете се за петицијата, да ја зачуваме нашата Библиотека Искра и Крушарското Маало од немилосрдните заби на иднината, која нема никаков осет за културно наследство и национална гордост“, стои во петицијата.

Петицијата може да ја погледнете со клик ОВДЕ.

Сподели: