Тротоарот на ул. „Кирил и Методиј“ над Општата болница во Кочани што води во правец на црковниот храм „Св. Вмч. Георгиј“ е обраснат во трева и по него e оневозможено нормално движење на пешаци.
Граѓани кои го користат улицата и се движат пеш реагираат дека трева и вегетацијата од гранки го попречуваат движењето по и така тесниот тротоар, па приморани се наместо на тротоарот да пешачат по улицата.
Додаваат дека улицата е доста фреквентна за возила и луѓе при што тротоар е единствено место за безбедно движење. Информираа дека од кога е направен малиот тротоар стои запуштен и никој не презема ништо околу негово одржување.
Преку „Гласно“, побараа да им се излезе во пресрет и да се исчисти од страна на надлежните служби за одржување на јавните површини во општината.
И. Матеничарски