Граѓанин до интернет-порталот „Гласно“ испрати реакција за рубриката „Гласно“ репортер при што реагираше на оштетен и накривен столб, најверојатно од стара мрежа на ЕВН – Македонија, што ја загрозува безбедноста на минувачите околу зградите кај Панаирот.
Во реакцијата стои:
– Не знам дали некој до сега има информирано за ова, ама подолго време (можеби и 3-4 недели) бандера кај зградите до панаиро е искривена. Жиците се над гаражите, а една е сосема ниско над пешачката патека пред самите згради. Вчера поминав дури уште поискривена ми изгледаше. Чиниш секој момент ќе падне. Жиците се веќе паднати врз гаражите и грмушките. Жицата што е над пешачката патека е закачена за оградата од една тараса. Висната е многу ниска, а бидејки вечерно време е неосветлено може некој да се повреди од жиците како и од бандерата која во секој момент ќе падне, стои во испратената реакција до интернет-порталот „Гласно“.