Под паролата „Садење дрвца за чист воздух“ , Граѓанската иницијатива „За чист воздух“oд Кочани в недела 01.12.2019 организира акција за пошумување на ридот “Локубија”. Акцијата ќе се спроведе во периодот од 12:00 до 15:00 часот.
Сите заинтересирани граѓани потребно е да се пријават кај организаторите заради планирање на доволен број садници .Секое лице ќе добие дрвце со етикета на која ќе го пишува неговото име.
Од Граѓанската иницијатива апелираат на што поголема масовност од страна на граѓаните.
И.Матеничарски