Граѓанска крводарителска акција – собрани 33 крвни единици

Општинската организација на Црвен крст – Кочани денеска ја реализираше  предвидената граѓанска крводарителска акција за месец август.

На редовната крводарителска акцијата крв даруваа 33 дарител и истата се спроведе во соработка со Институтот за трансфузиона медицина – Скопје.

– Акцијата е петнаесета крводарителска акција што годинава ја спроведува Општинската организација на Црвен крст – Кочани, а осма во просториите на Црвениот крст.  Ја користиме приликата да се заблагодариме на крводарителите кои денеска даруваа крв и помогнаа во успешно спроведување на акцијата – истакнаа од Црвен крст – Кочани.

Граѓаните може да даруваат крв секој понеделник и четврток во Службата за трансфузиона медицина – Кочани или секој последен четврток во месецот во просториите на Црвениот крст.

И. Матеничарски

Сподели: