Граѓанска реакција – Каналот во Драчевик небезбеден за минувачите

Необезбеден е дел од каналското корито на десниот магистраелен канал во населбата Драчевик, кај новата Детска градника на мостот каде крстосуваат улиците „Бел Камен“  и „Ѓорче Петров“ во Кочани.

Граѓани до интернет – порталот „Гласно“ испратија реакција во која наведуваат дека на дел од каналското корито на посочениот простор недостасува заштитна ограда, а на одредени делови оградата има, ама е целосно или делумно оштетена.

– Кај коритото на каналот секојдневно минуваат деца кои се враќаат од училиште, а необезбедениот дел од каналското корито во кое веќе е пуштена вода претставува сериозна опасност за децата кои овде минуваат. Оградата е целосно оштетена, на одредени места и воопшто ја нема. Како природна ограда беше нараснатата вегетација кај каналот, но од водостопанската пордужница пред некој ден ја искосија нараснатата вегетација и сега просторот е целосно отворен и претставува опасност не само за децата туку и за останатите минувачи, стои во реакцијата испратена од група жители на населбата Драчевик.

Граѓаните бараат до надлежните од водостопанската подружница „Брегалница“ и до локалната самоуправа на Кочани да реагираат и да постават нова заштитна ограда, а ако постои можност и каналот на посочениот простор целосно да биде затворен со бетонски капаци.

И. Матеничарски

Сподели: