Граѓанска реакција – Нема мир на Градскиот плоштад, бараме полициска заштита!!

Жители на улиците во близина на Градскиот плоштад упатија писмен допис до интернет – порталот „Гласно“ во вид на граѓанска реакција за секојдневното нарушување на јавниот ред и мир на Градскиот плоштад во Кочани.

– Ние жителите на улици во близина на Градскиот плоштад секојдневно имаме проблем, особено во вечерните часови од група на Роми кои го окупираат плоштадот  и го нарушуваат јаниот ред и мир до доцна во ноќта. Пуштаат гласна музика од своите автомобили, се пијанчат, викаат гласно и се однесуваат како да се во свој двор. Секојдневно возат и ги стартуваат автомобилите во вечерните часови, чкрипат со гумите, свират, довикуваат, живеењето на Градскиот плоштад е неподносливо, со оглед дека ние сме изложени на терор на група луѓе на кои законот и полицијата очигледно не им може ништо. Преку една вечер пријавуваме во полиција, ќе дојдат некогаш ќе застанат да ги предупредат, и спрема нив се однесуваат насилнички, некогаш ќе ги послушаат, најчесто не и на крај полицијата си заминува. Некогаш не ги ни предупредуваат, туку ќе се паркираат со полициското возило на неколку метра од нив  и народски кажано, да ми простат,  дремат како мисири и чекаат сами да си отидат галамџиите.  Зарем ние, овде што живееме, плаќаме данок, сметки, и сите давачки кон државата не заслужуваме да живееме во мир и спокој, а таа држава да не може да си го заштити своето население од група на бандити. Сто пати сме реагирале кај надлежните, полиција, општина, медиумиски реакции ама нема спас за нас. Молиме и бараме полициска заштита, стои во писмената реакција испратена до интернет – порталот „Гласно“.

Сподели: