Граѓанска реакција – Третта недела ѓубрето на улица!!!

Граѓани испратија реакција до интернет-порталот „Гласно“ во која се вели:

Реакција на граѓани од населба Недопирливи (улица Иван Иванов Балашо бр. 1 – ) во врска со односот на КЈП „Вододвод“ и извршувањето на нивните ДОЛЖНОСТИ!!!

Имено, ѓубрето во населбата веќе ТРЕТА недела е на улица. Неофицијално дознаваме дека КЈП „Вододвод“ има ПЕТ расипани камиони, но тоа воопшто не е наша грижа и никако не можеме да покажеме разбирање за нешто што ДЕБЕЛО го плаќаме а како услуга не го добиваме!!

Друг проблем е што по овие улици (сред центар на Кочани), НИКОГАШ не поминал(е) вработен (и) за да ги изметат улиците, за што исто така ДЕБЕЛО ПЛАЌАМЕ!!!

Затоа сега упатуваме прашање до самите ингерентни – КАКО ДА ВИ ГО „РЕШИМЕ“ ПРОБЛЕМОТ?!!!!!! Ако треба „ДОНАЦИИ“ со отворена телефонска линија да собираме, бидејки очигледно дека плаќањето на  баснословни суми за услуги кои не ги добиваме – Е ВО ПРАЗНО!!!!!!, стои во реакцијата испратена до интернет-порталот „Гласно“.

Сподели: