До интернет-порталот „Гласно“ пристигна допис за рубриката „Гласно“ репоретер во која се реагира на неискосена вегетација на улицата „Лазар Андонов“ во Кочани.

– Периодов поради врнежите од дожд нарасна бујна вегетација на улицата „Лазар Андонов“. Од страната на улицата т.е по тротоарот каде што секојдневно минуваат граѓани има висока трева и поради високата трева постои опасност од појава на разни влекачи и инсекти.

Апелираме надлежните да преземат мерки и да го средат просторот од нараснатата вегетација, стои во писмената реакција испратена до рубриката „Гласно“ репортер.

