Граѓанска реакција – Хигиената на скалите што водат до храмот „Св. Вмч Георгиј“ е во очајна состојба

До интернет-порталот „Гласно“ пристигна реакција од граѓанин за лошата хигиена на скалите што ја поврзуваат улицата „Димитар Влахов“ и „Илинденска“ и водат кон храмот „Св. Вмч. Георгиј“ во Кочани.

– Скалите кooи водат кон светиот храм „Св. Вмч. Георгиј“ се преполни со вреќи со ѓубре. Освен што не е изметено, по скалите се расфрлани вреќи со ѓубре. Денеска кога сите граѓани кои имаат куќни панагии и слави за да стигнат до храмот мора да газат по расфрлано ѓубре. Скалите се затрупани со ѓубре, на само десетина метри од КЈП „Водовод“. Очекуваме дека надлежните ќе ја видат реакцијата и ќе го исчистат сметот, стои во писмената реакција испратена до „Гласно“.

Претходно, граѓани реагираа и на оштетување на скалите кои се дотраени, оштетени и движењето по нив е ризично.

Сподели: