Граѓанин испрати реакција до интернет – порталот „Гласно“ во врска со проблем со кој се соочуваат жителите на ул. „Ѓорѓи Пулевски и „Енгелсова“.

– Ние жителите на улицата „Ѓорѓи Пулевски“ и „Енгелсова“ имаме проблем на секој дожд што ќе заврне. Имено, улицата „Ѓорѓи Пулевски“ ја асфалтираа пред неколку години, но кракот кој е 30 – тина метри, од „Ѓорѓи Пулевски“ до „Енгелсова“, а е дел од поранешниот Пазарски пат не е асфалтиран и целиот е кал и прашина. Џабе имаме асфлат кога за да стигнеме до „Ѓорѓи Пулевски“ и обратно до „Енгелсова“ треба 30 метри да газиме во кал по стариот пазарски пат за Оризари каде крстосуваат двете споменати улици. Кога заврне дожд целата кал и наноси се свлечува до поранешна Дневна нега и целата улица „Енгелсова“ е во кал. Кога се асфалтираше „Ѓорѓи Пулевски“ за 30 метри не ја поврзаа со „Енгелсова“ и сега го имаме овој проблем. Бараме од надлежните во следна прилика доколку постои можност тие 30-тина метра да бидат асфатирани, стои во писмената реакција испратена до интернет – порталот „Гласно“.


