Граѓанска трибина на СДСМ во Кочани

На граѓанска трибина што се одржа вчера на Споменикот на слободата, СДСМ и кандидатот за градоначалник на Кочани, повторно ја побараа довербата на граѓаните во пресрет на одржување на вториот круг од Локалните избори.

На граѓанската трибина беа презентирани проектите кои СДСМ ги нуди за Кочани, на која присуствуваше и претсетаделот на СДСМ, Зоран Заев.

Во своето обраќање Заев ја истакна поддршката на СДСМ за кандидатот за градоначалник Илијев, при што тој им порача дека Илијев е најдоброто за Кочани и ги повика да ја потврдат победата и во вториот круг од изборите.

Кандидатот за градоначаник Николчо Илијев, истакна дека во следните четири години, доколку ја добие довербата од граѓаните, Кочани ќе продолжи да се развива во сите сфери на живеењето преку реализација на веќе започнатите и нови капитални проекти за општината.

Граѓанската трибина во Кочани беше дел од караванот „Најдоброто за нашата општина“ на владејачката паритија.

И. Матеничарски

Фото: А. Арсов

Сподели: