Општинската организација на СДСМ – Кочани вечерва во Центарот за култура „Бели Мугри“ организираше граѓанска трибина за подигање на свеста, соодветна информираност и знаење во заедничката борба за подобро женско и машко здравје.
Под слоганот „Не чекај, превенирај“, пред граѓаните се обратија еминентни лекари од јавното здравје, доц. Д-р Венко Филипче неврохирург, поранешен министер за здравство, д-р Маја Манолева, актуелен заменик-министер за здравство, проф. Д-р Ана Данева Маркова, специјалист по гинекологија и д-р Диме Коцев, специјалист по урологија.
Навремените прегледи и превенцијата се клучни за здравствената состојба на секој поединец. Да ја подигнеме свеста кај граѓаните и да им помогнеме да го зачуваат нивното здравје, бидејки тоа е најголемо богатство. СДСМ и понатаму активно продолжува со вакви трибини и со грижа за граѓаните, истакнаа социјалдемократите.
Граѓаните на трибината имаа можност да добијат одговори за сите важни прашања за здравјето, преку стручните совети и здравствени насоки кои ги споделија лекарите говорници на настанот.
Во рамки на кампањата ОО на СДСМ Кочани попладнево спроведе и бесплатни здравствени прегледи за граѓаните во Паркот на револуцијата во Кочани.
И. Матеничарски
Фото: А. Арсов