Граѓански митинг на СДСМ во Кочани – презентирана предизборната програма пред граѓаните

СДСМ и коалицијата вечерва во Трговскиот центар во Кочани одржаа митинг за промоција на партиската програма во пресрет на закажаните парламентарни избори.

На митингот говорници беа Димитар Ковачевски, претседател на СДСМ, Љупчо Николовски и Сања Лукаревска како носител и коносителка на пратеничката листа на СДСМ во третата изборна единица и Душанка Горгиева Трпевски, кандидат за пратеник на СДСМ од Кочани.

– Оваа партија, на чело со Киро Глигоров, ја внесе Македонија во Обединетите нации. Со СДСМ, Македонија во 2005 стана земја – кандидат за членство во ЕУ. СДСМ, заедно со вас граѓаните го сруши режимот на ВМРО, режим кој 11 години ја блокираше нашата европска иднина. СДСМ и граѓаните се заслужни што Македонија стана рамноправна членка на НАТО, а СДСМ и коалиционите партнери се исто така единствено заслужни што Македонија пред 2 години ги започна преговорите со ЕУ. Сите овие беа тешки, но правилни одлуки за Македонија. Не се откажавме ни тогаш и нема да се откажеме и сега“, изјави Ковачевски.

Ковачевски истакна дека тоа биле тешки, но правилни одлуки за Македонија и дека и сега како и тогаш, нема да се откажат од визијата за европска Македонија, со европски животен стандард, почитување на европските вредности и европските правила на игра.

– Не се откажавме и во изминатите неколку години, за време на тешка здравствена, енергетска и економска криза, не ги оставивме граѓаните на цедило во ниту еден момент. Ниту еднаш. И покрај кризите ги зголемивме платите двојно, а пензиите за над 50%, ги заштитивме работните места, заштитивме 80.000 работни места во 20.000 компании во кои вие работите, обезбедивме 2,6 милијарди евра за антикризни мерки и ги заштитивме најранливите групи на граѓани. Не се откажуваме од Македонија во ЕУ! За тоа говори и тоа што нашиот план за европска Македонија е преточен во конкретна и остварлива програма“, порача од Кочани,  Ковачевски.

– Оризот, македонското бело злато, влезе во Законот за стокови резерви како стратешка култура, благодарение на политиките на Владата на СДСМ. Од старт ги зголемивме, не за 3, не за 30, туку за 300 отсто субвенциите за производителите уште од 2018 година, рече носителот на листата во ИЕ3 од СДСМ и Коалициајта за европска иднина, Љупчо Николовски на митингот во Кочани.

Тој додаде дека откупната цена на оризот достигна над 40 денари оваа година за оризова арпа и СДСМ ги исполни сите ветувања за оризопроизводителите.

– Има интервентен фонд за оризопроизводителите од првата година, 30, па 50, па 100 проценти поддршка за зелена нафта, мерката која ја ветивме и беше клучна рече Николовски.


– На 8 мај само вие, со моќта на вашиот глас одлучувате во каква држава ќе живееме сите, ве повикувам на масовен одзив на двојните избори, на активно учество во креирањето на сопствената иднина бидејќи во демократијата најчесто гласовите на оние кои не излегуваат на гласање го одредуваат победникот. На дофат ни е членството во Европската унија, не дозволувајте да не тргнат од тој пат, алтернативата на тој пат е погубна за Македонија. И сакале некои или не, СДСМ ќе биде запишан во историјата како организирана политичка сила која ја врати слободата и ја врати државата на вистинскиот пат и да не забораваме дека секогаш најтешките битки ги водел СДСМ, од осамостојувањето до денес, рече вечерва во Кочани Сања Лукаревска, носителка на листа на СДСМ и Коалицијата за европска иднина во третата изборна единица.

СДСМ е одговорна, граѓанска, државотворна партија. Секогаш сме тука и за државата и за граѓаните и во добро и во лошо, тоа е патриотизам, како што е патриотизам да ја преземете одговорноста за тешките одлуки во тешки времиња, рече Лукаревска.

– Коалицијата за европска Македонија  е со реални и остварливи ветувања.
За потсетување реконструкцијата на ул.  „Борис Трајковски“, премините преку железничката пруга, претстојната реконструкција на улицата „Гоце Делчев“,
Фотонапонски централи на Фабриката за вода, и на училиштата Никола Карев и Гошо Викентиев; Уредувањето на кружните текови;  канализацијата во Оризари – се се тоа проекти на централната  власт, со пари од државниот буџет..
И да дополнам: Реконструкцијата на Центарот за култура, патот до Пониква, експропријацијата и изградбата на булеварот „Стево Теодосиевски“, новата детска градинка, претходните четири години државата вложи во Кочани над  милиони евра. Изборот никогаш не бил полесен. Изборот е дали Македонија ќе се движи кон иднината и ќе се бори да стане дел од Европа, или ќе се враќаме назад кон минатото и бесперспективноста.
Нема откажување од иднината.Нашата иднина е европска!, истакна Горгиева Трпевски.

Сподели: