Групна пресметка со дрвени предмети во Кочани

Синоќа во Кочани се случила групна тепачка во која учествувале неколкумина жители на градот, а биле употребени и дрвени предмети, соопшти МВР.

„На 07.10.2022 во 23.45 часот во ОВР Кочани е пријавено дека пред зграда на ул.„Ѓорче Петров” во Кочани бил нарушен јавниот ред и мир со физички напад извршен од Д.Д., Д.Д., Д.Д. и А.Д. врз Б.Ѓ., со кого се познавале од претходно. Според пријавеното, малку подоцна напаѓачите со дрвени предмети влегле во стан во зградата, сопственост на Г.Т., каде во моментот биле Б.Ѓ. и неговата невенчана сопруга К.А., ги нападнале и оштетиле дел од мебелот“, пишува во полицискиот билтен.

Во координација со јавен обвинител, полицијата извршила увид, а по расчистување и документирање на случајот, ќе следат соодветни пријави.

Сподели: