ГФК „Осогово“ од денес е комплетен во организацијата и поставување на тренинзи и активности за фудбалерите. Шефот на стручниот штаб Кирчо Георгиев денес како свои асистенти ги доби Анѓелчо Арсов (Ѓечо) и Ефтим Аксентиев.
Арсов целата своја професионална играчка кариера ја помина во ГФК „Осогово“ и беше дел од сите категории и многу циклуси во клубот. Тој исто така одредено време играше и во бизнис футсал лигата на Македонија, а беше и дел од тренерскиот тим во клубот на крајот од претходната сезона.
Ефтим Аксентиев е исто така дете на „Осогово“, кој од мали нозе настапуваше во клубот, но дел од своите најдобри денови и професионална кариера ја мина и во „Работнички“, „Еуромилк“, „Силекс“, „Саса“ како и „Скендербег“ од соседна Албанија. За Аксентиев ова ќе биде прва тренерска активност, тој исто така ќе посвети внимание и на работа со младинските категории.
Фудбалерите на „жолто сините“ ќе има што да учат од двајцата искусни поранешни фудбалери и професионалци во тимот.