По поразот на домашен терен од струмичка „Беласица“ во минатото коло, ГФК „Осогово“ викеднов патува за Гевгелија, на гости кај екипата на „Кожуф“, во рамки на 16-тото коло во Втората Македонска фудбалска лига – Исток.
Натпреварот е закажан за в сабота 07-ми март со почеток од 14:00 ч. на Градскиот стадион во Гевгелија.
Избраниците на тренерот Кирчо Горгиев на гости ќе ја бараат шансата за поволен резултат и доближување до позицијата на табелата која носи опстанок во натпреварувањето за „жолто-сините“.
„Осогово“ се наоѓа на претпоследната 9-та позиција во лигата, со само две победи, тринаесет порази и ниту еден нерешен резултат, со гол разлика од 12:43.
На останатите средби ќе се сретнат:
Табела Втора Македонска фудбалска лига – Исток
И.Матеничарски