ГФК „Осогово“ – До кога „луѓето во црно“ ќе режираат конечни резултати ?

Почитувани наши навивачи, но и луѓе во ФФМ, по денешниот меч и пораз од Кожуф кој ја „прели чашата“ приморани сме да реагираме.

Ова денес што се случи во Гевгелија е само уште еден скандал во низа сезонава кој е на штета на нашиот клуб. Боли тоа што при очи сакате да не правите слепи, вашите намери се провидни.

Очигледно е дека во оваа лига се фаворизираат само неколку екипи кои во континуитет се штитат и им се дава ветар во грб. Сериозно се запрашуваме за регуларноста на оваа сезона.

Ние како ГФК Осогово во континуитет сезонава, безмалку на секој меч сме оштетени драстично, а ако по дуелите со Брегалница, Кит Го и со Беласица премолчевме, сега по оваа комедија против Кожуф се решивме да го кренеме гласот, па прашуваме:

До кога некој со нашите пари од котизација (судии и делегати) ќе се иживваат со нервите на нашите фудбалери, стручен штаб, навивачи и управа. До кога ќе се потценува нашата интелигенција и вложени финансии, енергија да се направи нешто кога ви свесно го минирате.

Во оваа насока оди и фактот што денес сме сведоци на пола второлигаши , но и прволигаши кои жестоко негодуваат на судиската арбитража. Можеби и ќе разберевме дека е ненамерна грешка или од незнање доколку се случеше еднаш, но ова се премногу факти и показатели кои водат кон едно – а тоа е режирано и тенденцизно судење.

Иако сезоната е одмината и многу нешта се загубени бараме итна одговорност и промени при органите во ФФМ кои се задолжени за спроведување на лигата, пред се тука мислиме на судиската комисија и комесарот за натпреварување.

Нашите нерви и нашето трпение е при крај – уште еден апел на време, преземете нешто со цел да спречите дополнително влошување

ГФК „Осогово“

Сподели: