ГФК „Осогово“ се засили со пет нови имиња

На стартот  на подготовките за пролетниот дел од сезоната, ГФК „Осогово“ се засили со пет нови фудбалери.  Станува збор за Ѓорге Глигоров  25-годишен фудбалер за врска кој во својата кариера има настапувано за „Беласица“, „Силекс“, „Хоризонт Турново“, „Каменица Саса“ и „Детонит“.

Христијан Крклински  23-годишен централен дефанзивец кој има настапувано за „Пелистер“, „Новаци“, „Скопје“, „Кравари“ и „Црно Буки ЗЛ“.

Бобан Здравевски  20-годишен напаѓач кој доаѓа од тимот на „Питу Гули“. Претходно ги има брането боите на „Пелистер“, „Струга ТЛ“ и „Детонит“.

Глигор Дончев  21-годишен лев бек кој доаѓа од екипата на „Академија Пандев“. Има настапувано и за „Хоризонт Турново“.

Марио Сандевски  20-годишен голман на кого последен клуб му е “Кит Го“. Претходно има настапувано за „Овче Поле“ и „Брегалница“ Штип.

Покрај овие фудбалери тимот на „Осогово“ се засили и со играчи од младинските категории  од генерациите 2003,2004,2005, меѓу кои Љупче Пејов, Бојан Стојанов, Марко Соколов, Стојанче Тренчев и Давид Симонов.

Од клубот информираат дека ова треба да биде мотив и показател за сите млади надежи дека со работа, напор  и квалитет вратите на првата екипа се отворени.

Во рамки на подготовките,  фудбалерите на „Осогово“ ќе одиграат четири контролни средби ,преку кои треба да се подобри формата на тимот.

Пролетниот дел од првенството во Втората Македонска фудбалска лига – Исток започнува на 29 февруари  кога „Осогово“ на домашен терен  го пречекува тимот на „Беласица“ од Струмица.

Воедно сеуште тече јавниот повик за преземање на ГФК „Осогово“, кој поради лошиот старт на есенскиот дел од првенството, наиде на остри реакции од навивачите и љубителите на фудбалот во Кочани.

Сподели: