ГФК „Осогово“ со одговор на соопштението од Комисијата за спорт на ОО СДСМ Кочани

Почитувани

ГФК Осогово жали што мора да реагира на еден политички субјект кој  политизира врз Кочанскиот бренд Осогово.  Ние како клуб секогаш сме и се залагаме за паролата ,, Политиката надвор од Спортот – Спортот на Спортистите ‘’. Новата управа на клубот која раководи еден месец има добиено само  450 000 денари од општина Кочани.  Тие средства се изгласани преку Советот на Општината, а истите средства се пуштаат квартално на секои три месеци.  Со таа финансиска рамка ГФК Осогово успешно економски менаџира :

-Платeнa  котизација кон ФФМ за учество во Втора Лига Исток во износ од 493 600 денари.

 -Исплати целосна плата на сите фудбалери, економ, секретар и тренерите во младите категории.

-Управата подмири и две плати на домашните играчи и економот кој беа заостанат долг од претходната управа.

-Исто така се  започна постапка за подмирување на затечен долг кон еден угостителски објект.

-Клубот го исплати и  побарувањето на ОФС Кочани за да можеме да ги регистрираме сите играчи кои се приклучија кон клубот.

-Санирани се комлетно сите санитарни јазли, решени се техничите проблеми со струјата и теренот е ставен во нормална состојба на игра, бидејќи беше затечен во лоша состојба.

Во иднина приоритет и стратегија ќе бидат младите категории во кои ги вклучивме како тренери реномирини фудбалски имиња : Тоде Митев, Љупчо Симовски – Бела, Доминик Тенев. Клубската транспарентност ја докажуваме преку завршна сметка која се доставува до општина Кочани каде што се врши ревизија на истата и врз основа на тоа се пуштаат наредните средства од општината.  ГФК Осогово е отворен за соработка со сите спортски работници кои мислат дека можат да допринесат за развојот на клубот. Клубот не е политички субјект, туку е клуб на сите граѓани на општина Кочани.

Спортски Поздрав

ГФК ОСОГОВО

Сподели: