Се одиграа натпреварите од 10-тото коло во Втората Македонска фудбалска лига – Исток.
На стадионот „Никола Мантов“ во Кочани, ГФК „Осогово“ забележа уште едно реми (0-0), овој пат против незгодниот противник, тимот на „Кожуф“ од Гевгелија.
„Жолто-сините“ ја имаа иницијативата на мечот и во поголем дел од натпреварот ја контролираа играта на теренот. Сепак, поставеноста на тимот и шансите кои ги создадоа не ветуваа погодок, па со оглед и на играта на противникот „Кожуф“, резултатот од 0-0 е реалната слика за денешниот дуел во Кочани.
Ова е седмо реми на „Осогово“ по десет одиграни натпревари во ВМФЛ – Исток, а досега имаат забележано само една победа и два порази.
На останатите средби беа постигнати следниве резултати:
РЕЗУЛТАТИ – 10.КОЛО
КИТ ГО – ПОБЕДА 1:0
СЛОГА (В) – РОСОМАН 1:1
ТИКВЕШ – ПЛАЧКОВИЦА 5:1
ОСОГОВО – КОЖУФ 0-0
БРЕГАЛНИЦА – КАМЕНИЦА САСА 3:0
ТАБЕЛА
1.ТИКВЕШ 26
2.БРЕГАЛНИЦА 26
3.КОЖУФ 17
4.СЛОГА В 13
5. КИТ ГО 12
6. ОСОГОВО 10
7.ПОБЕДА 8
8.КАМЕНИЦА САСА 8
9.РОСОМАН 8
10.ПЛАЧКОВИЦА 6
Во следното коло „Осогово“ на домашен терен ја пречекува екипата на „Кит-Го“ Пехчево.
И. Матеничарски
Фото: А. Арсов