Дали вака треба да изгледа саниција на оштетена шахта?

По една седмица од  „санирањето и реконструкцијата“ на оштетени капаци и шахти на улицата „Теодосија Паунов“  состојбата на една од едната реконструирана изгледа очајно.

Како дел од предвидените програмски активности КЈП „Водовод“  минатата недела поставија нов капак кој очигледно, судејки по фотографиите подобро да го нема отколку да го има.

Идентична е и состојбата со капаците од шахтите во должина на целиот булевар „Тодосија Паунов“, каде речиси и да нема капак од канализациска шахта кој не е оштетен и не „тропа“, иако имаше најава за поправки и санации и на останатите.

Ситуацијата е загрижувачка и на скоро сите сливни решетки за атмосферска вода, а дел од нив се нови и за нивно поставување локалната самоуправа на Кочани исплати средства на изведувач во висина од 1,77 милиони денари, пари на граѓаните.

Сливните решетки не се рамни со асфалтот што предизвикува проблеми при преминувањето преку нив и сериозни оштетувања на подвозјето на автомобилите.

Граѓаните и учесници во сообраќајот упатија молба час поскоро истите да бидат санирани како што е редот.

И. Матеничарски

Фото: A. Арсов

Сподели: