Иако спортските сали се празни и спортските активности се целосно пасивизирани, Дан комисијата при Џудо федерацијата на Македонија (ЏФРСМ) на чело со претседателот Ѓуро Илиќ и членовите Драган Шеќероски, Деан Мицкоски и Нада Ристов одржаа состанок преку видео конференциска врска, а беа донесени неколку важни одлуки.
Прво се усвоени извештаите од полагањата за ученички појаси и за Дан појаси, како и предлог термините за нови полагања.
Дан комисијата ги донесе и следните одлуки и заклучоци:
- Утврдување на новата методологија на работа и координација со комисијата за едукација и лиценцирање на џудо тренери.
- Предлог за измени и дополнувања на Правилникот за работа на Дан комисијата особено во делот на критериумите за пријавување и полагање на Дан и Кју појаси, како и изгледот, формата и содржината на соодветните дипломи.
- Припремни активности за новите натпреварувања во џудо кати за кои е планирано да се отпочне оваа 2020 година како пилот проект а од 2021 истото да влезе во календарот на натпревари на ниво на ЏФРСМ.
„Дан комисијата за идниот период во овој вакум простор планира одржување на вакви состаноци на неделно ниво со цел да придонесе за зголемување на нивото на џудо спортот и по излегувањето од оваа состојба Федерацијата да излезе поподготвена во делот на работа на стручните тела и комисиите, со оглед на тоа дека тренерите ќе имаат напорна работа да ги вратат натпреварувачите во посакуваната форма“, велат од Комисијата.