Во големата сала на Мултикултурниот центар вечерва во Кочани беше промовирано делото „Да се убе себе во себе“ од авторот м-р. Доне Донев.

Делото е составено од петте монодрами на Донев посветени на поетот Ацо Караманов, Милан Арсов, намјладиот член на Гемиџиите, основоположникот на македонскиот литературен јазик, Крсте Петков Мисирков, Цар Самоил и првиот претседател на Президиумот на АСНОМ, Методија Андонов Ченто.

– Книгата „Да се убие себе во себе“ претставува збир од пет монодрами коишто досега ги имам изведувано над четиристотини пати пред околу 50 илјади гледачи. Петте монодрами се посветени на Ацо Караманов, најмладиот македонски поет загинат во НОВ мојата прва монодрама во негова чест „Јас сакам да станам поет“. Втората монодрама е посветена на најмладиот гемиџија од с. Ораовец, Велес, Милан Арсов. Оваа монодрама беше прикажана како ТВ драма на МТВ во серијата „Тврдокорни“. Треттата монодрама се вика „Меѓникот“ и е посветена на македонскиот деец и основоположник на македонскот јазик Крсте Петков Мисирков. Четвртата монодрама е посветена на Цар Самоил чијшто лик го прикажувам како лик со огромна големина. Петтата монодрама е посветена на македонскиот револуционер, според мене еден од најголемите македонски синови во историјата на Македонија, Методија Андонов Ченто, првиот претседател на Македонија. Тоа го потврдува фактот дека во едно наместено судење е осуден на 11 години затвор од кои 59 месеци поминува во самица и самиот на крајот ќе каже „Вака не се постапуваа ни со најголемите непријатели на Македонија, а камоли за нас оние кои се боревме за оваа татковина“, истакна авторот м-р Доне Донев.

Низ промоцијата присутните ги водеше м-р Љупка Стојменова, а за книгата свој осврт дадоа и проф. Д-р Марија Соколова, м-р Љубинка Ајтовска и проф. Александар Димитров.
Издавач на книгата е „Европа 92“.
И. Матеничарски
Фото: А. Арсов


