„Да ја наполниме Градската сала во Кочани!“ – виртуелен настан за помош на Славица и Радмила Димитрови од Кочани

Со купување на карта за виртуелениот настан „Да ја наполниме Градската сала во Кочани! “ помагате во лекувањето  на сестрите Славица и Радмила Димитрови кои боледуваат од ретко генетско заболување на очите.

Сестрите Димитрови  имаат потреба од финансиска помош во износ од 6.000 евра за еден третман со матични клетки на Институтот за очни болести во Санкт Петербург Русија. Тие боледуваат од makularna degeneracia и retinopatia spigmentoza, генетско заболување на очите.

Како што информираат иницијаторите на виртуелниот настан, целта е да се помогне на сестрите Димитрови преку замислен настан , односно со купување на карти финансиски да се помогне на Славица и Радмила.

Поради пандемијата со Ковид -19 организирањето на настани од поголем обем се забранети, па иницијаторите на иновативен начин, преку замислен настан кој воопшто нема да се оддржи, а со купување на карти за истиот, помагаат во собирањето на финансиски средства за помош во лекувањето.

Картите за виртуелниот настан по цена од 100 денари може да ги набавите од Тобако „АЛМО“, „Џајка“ и „Центар – Азман“ во Кочани.

Хуманите граѓани може да донираат по 100 денари  и на телефонските броеви:

А1-  143-476 и Телеком 143-126.

Сподели: