ДОПОЛНЕТО: Двајца загинати во тешка сообраќајна несреќа на експресниот пат во близина на Тркање

Тешка сообраќајна несреќа се случи попладнево на експресниот пат Штип-Кочани во близина на Тркање.

Според неофицијални информации при судир на две возила со кочански регистерски ознаки, „Пежо“ и „Фолксваген Уп“ на лице место загинати се две лица.

Едно од возилата во сообраќајката е опожарно при што интервенирале од кочанската пожарна.   

Сообраќајот е во прекин, а возилата се пренасочуваат по споредни патишта.

Од Министерството за внатрешни работи го потврија случајот преку соопштение:

-Денес 07.03.2025 година околу 14.00 часот во СВР Штип било пријавено дека на експресниот пат Штип Кочани, кај с.Тркање кочанско, се случила сообраќајна незгода помеѓу две патнички возила со кочански регистарски таблички.

Од здобиените повреди двајцата возачи починале на местото на несреќата.

Увидот е во тек, соопштија од МВР.

Сподели: