Двајца излечени пациенти од Кочани, прв случај на коронавирус во Виница

Институтот за јавно здравје регистрира 36 оздравени пациенти. Од нив 2 пациенти од болничко лекување и 34 кои се лекуваа во домашни услови. Оздравени пациенти на домашно лекување се евидентирани во: Скопје- 15, Прилеп- 6, Велес- 3, Кочани -2, Пробиштип-1 и Штип -7. На Инфективната клиника во Скопје почина пациент на 80 години од Скопје, лекуван на клиниката од 21 април, информира Министерството за здравство.

Во изминатите 24 часа потврдени се 26 нови случаи на ковид-19. По градови: Скопје -11, Куманово -2, Тетово -3, Струга – 6, Битола -1, Гостивар -1, Виница- 1 и Неготино -1. Заболеното лице од подрачна единица Неготино е жител на Демир Капија. Вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со ковид-19 во нашата земја изнесува 1326.

По завршување на епидемилошките анкети, од вчерашната евиденција едно лице од Гостивар е жител на Тетово, а едно лице од Кичево е жител на Скопје. Согласно ова последната дистрибуција по градови е: Скопје – 451, Куманово – 355, Дебар – 51, Штип-34, Прилеп –131, Тетово – 69, Струга – 61, Велес – 62,  Битола –18, Охрид –15, Кавадарци – 5, Гостивар –14, Гевгелија – 4, Струмица – 2, Крива Паланка-5, Радовиш – 4,  Крушево – 3, Кочани – 28, Пробиштип – 2, Кичево – 2, Неготино -4, Демир Хисар – 1, Македонски Брод -2, Пехчево- 1, Валандово -1, Виница – 1.

Во изминатото деноноќие направени се 408 теста. Преку ИЈЗ –233, преку Ветеринарен ф-тет -12, Авицена –15, Биотек –52, Филип Втори (Жан Митрев) –76, Систина со PCR метода  -16 и МАНУ – 4.  Досега во земјата се направени вкупно 14057 тестирања на ковид -19.

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје се примени 3 пациенти, а хоспитализирани вкупно 61. Критични пациенти на механичка вентилација се 6, а потешко болни се уште 19 пациенти кои  се на кислородна поддршка.

Во ГОБ „8 септември“ примени се 11, а хоспитализирани вкупно 38 пациенти.  Со потешка клиничка слика се 6 пациенти, а 7 се на респираторна машина.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 6 пациенти, а на домашно лекување се следат 11 пациенти, додека во Штип болнички се лекуваат 3, а на домашно лекување уште 15 пациенти.

Social media & sharing icons powered by UltimatelySocial