Двегодишно дете заразено од коронавирус во Кочани

Дете на возраст од 2 години и четири месец е заразено со коронавирус .

Во болницата во Кочани е донесено вчера при што му е земен брис, а пристигнатите резултати биле позитивни на вирусот. По ова раководството на болницата добило насоки и детето денеска е хоспитализирано на Клиниката за инфективни болести во Скопје.

Од кочанската Општа болница тврдат дека медицинскиот персонал ги почитувал сите протоколи при приемот на двегодишното дете.

Во  болницата во Кочани, освен тестираните 16 здравствени работници од детското одделение по случајот со заразеното четиримесечно бебе од пред некој ден, се тестираат  и други медицински лица.

Негативни се резултатите за дел од тестираните меѓу кои и инфектологот, додека за вработените на детското одделение сеуште  не се пристигнати.

Сподели: