Две втори места за членовите на КПС „Осоговски Орел“ на трката „Strumina Trail“ во Штип

Клубот за планински спортови „Осоговски Орел“ – Кочани викендов зеде учество на планинската трка „Strumina Trail“  што десетта година по ред се организира во Штип.

Од КПС „Осоговски Орел“ на трката учествуваа 12 натпреварувачи во конкуренција на над 200 учесници во машка и женска конкуренција од земјава и странство.

Во категоријата над 60 години, второто место го освои Никола Серафимов од КПС „Осоговски Орел“, додека второ место освои и Владо Симеонов во категоријата од 50 до 60 години.

Златен медал во машка конкуренција во возрасната категорија од 21-40 години освои кочанецот Златко Николов кој во моментот е член на клубот „Борец“ – Велес.

Патеката беше со должина од 18.5 км., уредно маркирана при што натпреварувачите распоредени во повеќе категории трчааа претежно во снежни услови.

Од КПС „Осоговски орел“ најавија дека во план е да организираат слична трка и на Осоговските Планини, при што освен во планинско трчање ќе има и натпреварувачи во планински велисипедизам.

И. Матеничарски

Сподели: