Тешка сообраќајна несреќа се случи на експресниот пат Штип-Кочани, во близина на ТИР зоната во Штип. Според првичните информации во несреќата животите ги загубиле две лица.
Портпаролот на СВР-Штип, Гордана Панајотова потврди дека на овој експресен пат има тешка сообраќајна несреќа. Таа изјави дека во тек е увидот и обезбедувањето на местото на несреќата од страна на полицијата при што со дополнителни информации полицијата ќе излезе подоцна.
Според неофицијални и непотврдени информации, во несреќата учествувале две возила, марка „Шкода“ со скопски регистарски ознаки во која се превезувале две лица, маж и жена од Скопје и „Пежо“ со кочански ознаки во кое се превезувал маж од Кочани на возраст од 39 години.
На лице место животот го загубиле возачот од кочанското „Пежо“ и сопатничката од скопската „Шкода“.