ГФК „Осогово“ викендов ќе одигра две контролни средби во пресрет на почетокот на пролетниот дел од првенството во Втората македонска фудбалска лига – Исток.
Утре, 5 февруари на стадионот „Никола Мантов“ , „Осогово“ ќе ја пречека екипата на „Детонит Јуниор“, а в недела во Дојран, на терените на СЦ „Истатов“, „жолто-сините“ ќе одиграат контролна средба со српскиот прволигаш „Раднички“ од Сремска Митровица.
Претходно, ГФК „Осогово“ одигра контролен натпревар со тимот на „Каменица Саса“ на домашен терен, кога загуби со резултат од 0-1.
Почетокот на пролетниот дел од првенството во ВМФЛ – Исток е закажан за 19 февруари, а според распоредот „Осогово“ на домашен терен ја пречекува екипата на струмичка „Беласица“