Две млади лица повредени во сообраќајка во Оризари

Денеска во 02.09 часот во ОВР Кочани било пријавено дека во село Оризари, кочанско, патничко возило „хонда“ со кочански регистарски ознаки, управувано од 19-годишниот Б.С. од Кочани, удрило во бетонски ѕид, извести МВР.

„Во несреќата возачот се здобил со тешки телесни повреди, а неговиот малолетен сопатник со телесни повреди, констатирани во Клиничка болница Штип“, соопшти МВР.

Извршен бил увид од увидна екипа на ОВР Кочани. 

Сподели: