Движење ЗНАМ – За наша Македонија – Демант

Почитувани претставници на медиумите кои бевте присутни на првата изборна конференција на Движењето ЗНАМ -За наша Македонија.

Ви должиме извинување што бевте ЗАМОЛЕНИ да не бидете присутни на работниот дел на Изборната конференција. Напоменувам, бевте замолени, а далеку од тоа дека бевте “БРУТАЛНО” избркани.

Очигледно дека молбата и бруталноста во вашето поимање на нештата имаат исто значење. На ваков начин работат сите политички субјекти и не гледаме ништо лошо во оваа досегашна пракса, а до сега немало таква негативна реакција од ваша страна.

Уште еднаш се извинуваме и се надеваме дека ќе го прифатите нашето искрено извинување.

Со почит,
Општинска Организација-Кочани на движењето ЗНАМ-за наша Македонија

Сподели: