Под мотото „Максимум за Македонија“, Движењето ЗНАМ за наша Македонија вечерва во Кочани го промовираше својот претседателски кандидат, Максим Димитриевски.

Пред присутните граѓани во големата сала на Мултикултурниот центар во Кочани, Димитриевски ја побара довербата од граѓаните на претстојните претседатески избори да го дадат својот глас за Движењето ЗНАМ за наша Македонија.

– Нашата цел е да создадеме и создаваме политички субјект којшто излегува од граѓаните и ќе работи за граѓаните. Мојот мотив да стојам вечерва овде како претседателски кандидат на претстојните избори и да ја барам поддршката од граѓаните на Македонија е мотивот дека Македонија заслужува да има претседател којшто произлегува од граѓаните и да биде на граѓаните. Националниот и државниот приоритет секогаш ќе ми биде на прво место. Јас мојата кампања ќе ја водам позиитивно. Јас ќе бидам целата кампања со народот и помеѓу него, истакна Димитриевски.

Програмата на претседателскиот кандидат на Движење ЗНАМ за наша Македонија – Манифест за Макединија опфаќа пет начела и пет приориритети во првите 200 дена.

Од партијата најавија дека нивен фокус ќе бидат неопределените гласачи и дека според трендот на анкетите кои се објавуваат во јавноста, голема е веројатност дека би можеле да влезат во вториот круг од претседателските избори.
И. Матеничарски
Фото: А. Арсов

