Народе македонски,
борејќи се за иднината во овие мачни времиња, создаваме историја! После Илинден и АСНОМ ова е најбитната револуција за македонскиот народ. Ова е револуција во која Вашиот глас за Движењето ЗНАМ За Наша Македонија, ќе остави печат за сегашните и идните генерации дека и во Наша Македонија се може со чесност и храброст за промени и излез од ова сивило. Им порачуваме на вандалите кои ги уништуваат плакатите и билбордите на Максим Димитриевски и Движењето Знам дека можат да продолжат со нивните нечесни потези но дека не можат да го избришат Максим од срцето на народот.
Во Среда вечер тоа ќе ви биде повеќе од јасно!
Одиме силно за НАША МАКЕДОНИЈА!
Движење ЗНАМ за наша Македонија