На 22 и 23 јануари 2020 година (среда и четврток), во Центарот за култура „Белимугри“ во Кочани, ќе се одржи дводневна обука на темата Вешт финансиски асистентшто ја организира Каровска ДООЕЛ од Скопје.
Обуката е наменета за ученици, студенти и за невработените кои имаат желба за личеннапредок, но и за младите вработени кои се дел од финансиското и административнотоработење и кои би го дополниле потребното знаење во делот за поимот засметководство, книжењето/бележењето на состојбите кај нивните работодавачи,читањето на билансите, платите, пописите, даноците и сл. Кратко, обуката ги опфаќасите што сакаат да говорат на јазикот на сметководството и финансиите.
Целта на обуката е сметководтсвеното односно финансиското знаење кај вработенитеда биде на солидно ниво, што овозможува натамошната соработка со компаниите да ецелосна и ефикасна токму со таков обучен кадар.
Обуката ќе резултира со: правилна употреба на сметководствениот/контниот план;препознавање на класи, нивна натамошна употреба во делот на сметководството;значење на класите 4, 7 и 8 – читање на Билансот на успех; значење на класите 0,1,2,3,6и 9 – читање на Билансот на состојба; административен и финансиски асистент кој горазбира финансиското, сметководствено работење; сметководител кој ќе го продлабочии употребува знаењето за финансиското, сметководствено работење; залихи согласноМеѓународните сметководствени стандарди 2 (МСС 2); подлабоко разбирање напропишаните законски регулативи за залихите и пописот и нормираните износи накало, растур, крш и расипување; правилен и точен попис, а со тоа намален ризик одевентуални кусоци; вработен кој ќе умее да пресмета плата и знае за долгорочните икраткорочни поволности за вработените согласно Меѓународен сметководственстандард 19 (МСС 19); Употреба на новите законски промени: новите законски измении дополнувања на Законот за ДДВ, измени и дополнувања на Законот за данок надобивка, Законот за изменување и дополнување на Законот за данок на личен доходкаде целта на измените и дополнувања на Законот за данокот на личен доход е да серегулира мирувањето на примената на прогресивниот данок на личен доход, Уредбата за номенклатурата на средствата за амортизација и годишните амортизациони стапки,како и начинот на пресметување на амортизацијата, односно отписот на вредноста наматеријалните и нематеријалните средства и др.
Предавач е Мери Каровска, дипломиран економист со уверение за овластенсметководител издадено од ИСОС.Обуките ќе траат по четири часа, од 16:30 до 20:30 ч. За сите учесници ќе бидеобезбеден работен материјал и сертификат за учество.
Цената на обуката е 2.400 денари, а со уплатата се потврдуваат пријавата за обуката иместото во групата. Рокот за пријавување е до 21 јануари.
Плаќањето е по фактура насметката на Каровска ДООЕЛ – Скопје. Повеќе информации наmerikarovska@gmail.com или на www.karovska.mk.
