ДГ „Павлина Велјанова“ преку проект на Еразмус + го подобрува воспитно-образовниот процес во градинката

Преку проект на Еразмус + програмата, ДГ „Павлина Велјанова“ – Кочани со партнери од Р. Хрватска, Бугарија и Турција работат на проектот ,,STE(A)M училница во предучилишното образование“ за подобрување на воспитно-образовниот процес во своите средини.

Во рамки на проектот одржани се две работилници, во Р. Македонија и Турција за размена на искуства и идеи за да се подобри квалитетот на процесот на образование на проектните партнери, а планирана е меѓународна работилница и во Р. Хрватска.

-Главната цел на проектот е да се разменат искуства од различните социо-економски организации и градинки и да се подобри квалитетот на процесот на образование во четирите општини од Хрватска,Северна Македонија,Бугарија и Турција. Концептот на STE(A)M училницата се состои од два главни дела. Градинките ќе обезбедат работен простор со дизајнирани опреми и алатки соодветни за возраста на децата во градинките. Опфатени ќе бидат теми од основа на науката, обновливи енергии, енергетска ефикасност и екологија и уметност и образовен дел каде методите ќе се базирани на истражување ,,учење преку работа“ соодветна на возраста на децата во градинките, истакна Едита Миткова, директорка на ДГ „Павлина Велјанова“.

Во проектот како партнери се јавуваат Македонското геотерманлно здружение „МАГА“, ДГ „Павлина Велјанова“ и ЗПЕР-Локална акциона група-Кочани од Македонија како и Детскаградинка ДГ,,Еделваис“Велинград, Здружение Центар за одржливост и економски развој (CESG), Пазарџик, Бугарија и Детски градинки од Кушадаси, Р. Турција и Здружение Кушадаси(NGO KUSADASI EGITIM KULTUR SANAT SPOR VE TURIZM DERNEGI).

Проектот е финансиран од Националната агенција за мобилност и ЕУ програми.

И. Матеничарски

Сподели: