Соопштение за медиумите од ДГ „Павлина Велјанова“
ЈОУДГ „Павлина Велјанова“ од Кочани веќе четврта година е вклучена во повеќе проекти од ERASMUS+ програмата, конкретно во клучната Акција 2.
Овие транснационални проекти се создадени за развој и споделување на иновативни пракси и искуства, поврзани во одржливо учење во полето на образованието, обука и млади.
Во овие проекти досега се опфатени околу 40 вработени, од кои повеќе од 20 имале можност да присуствуваат во обуките во странство. Во рамките на овие проекти во следните две години се очекува да се достигне и надмине планираната бројка на обучени вработени, согласно возрасната група на децата вклучени во воспитно-образовните активности кои произлегуваат од проектите.
Во 2021 година беа реализрани повеќе активности за учење, обука и тренинг, кои беа реализрани во рамките на проектите „Our world is one, waste is zero”, „ Little people for big changes”, „STEAM kids“.
Во проектот „Our world is one, waste is zero” УОТ активноста беше одржана на тема „Чист воздух и чиста животна околина“, домаќин беше градинката „Udo usai“ од Вилнус, Р. Литванија. Партнер институциите вклучени во овој проект се од Р. Литванија Р. Турција, Р. Унгарија и Р. Грција.
Во проектот „ Little people for big changes” УОТ активноста беше одржана на тема „Одржлив развој во предучилишното образование со помош на СТЕАМ методи“, домаќин беше градинката „Mia fora ki enan kairo“ од Атина, Р. Грција. Партнер институциите вклучени во овој проект се од Р.Шведска, Р. Турција, Р. Италија, Р. Романија и Р. Грција.
Во проектот „Establishing of STE(A)M classroom concept in pre-school education“ се вклучени вклучени 10 различни организации (Детски градинки, Јавни установи и мали и средни претпријатија ) од земјите партнери и тоа Република Турција, Република Хрватска, Република Бугарија како и од Република Северна Македонија.
Активностите на проектот се поврзани со воспоставување концепт на училница STE(A)M во градинките како едукативен пристап, но и како стимулативен простор, каде што децата ќе се здобијат со знаење од областите STE(A)M преку игра и нивната љубопитност (природни науки , информатика, инженерство., уметност и математика) и да се создаде стимулирачко опкружување во кое овие потенцијали ќе продолжат да се развиваат.
Преку овој проект, специјално дизајнираната опрема е изработена од искусни експерти што им овозможува на воспитувачите во градинките да вршат активности на STE(A)M. Активностите на проектот се однесуваат и на развој на прирачници и други документи што ќе им овозможат на наставниците да ја применат концептната училница STE(A)M во градинките, На овој начин, ќе се стремиме децата да учат на интердисциплинарен начин уште од најрана возраст, поврзувајќи го знаењето од областа STE(A)M во една целина, но исто така следејќи ги современите образовни трендови што ќе им овозможат на денешните деца да бидат подготвени да ја создадат својата иднина.
ДГ „Павлина Велјанова“