Учениците од економската струка при СОУ „Љупчо Сантов“ Кочани имаа можност да ги слушнат искуствата на неколку претприемачи во рамки на дебатата „Јас како менаџер“ што денеска се одржа во кочанската гимназија.
Градоначалникот Николчо Илијев, менаџерот на рудникот „Бучим“ Николајчо Николов и генералниот директор на Amphenol Technology Macedonia Сашко Наков ги споделија своите искуства во врска со менаџирањето на претпријатијата со кои раководат, како и нивниот животен пат до овие позиции.
Учениците преку прашња до гостите имаа можност одблизу да се запознаат со начините, практиките и проблемите со кои можат да се соочат како млади претприемачи.
Дебатата беше од корист и за учениците и за стопанствениците заради споделување на искуства од пракса.
И.Матеничарски