Во организација на Џудо Федерацијата на Република Македонија викендов во Скопје се одржа Меѓународен џудо натпревар.
Во конкуренција на 180 натпреварувачи џудистите на „Гладијатор“ од Кочани освоија 9 медали,од кои четири сребрени и 5 бронзени.
Милан Станоев, Лазар Нацев, Дамјан Крстов, Марко Максимов се закитија со сребрените медали, додека бронзите ги освоија: Јована Јованова, Анастасија Стошиќ, Наталија Лазарова, Горан Терзиски, Ненад Максимов.
Од останатите учесници Матео Станоев го освои четвртото место, а Борјан Јанев беше петти.